Арсовска: Живееле во Германија, а земале тука плата, Косана им се спротивстави на мафијашите затоа што нема маж да ги сопре

Од:

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска застана во одбрана на директорката на ЈП „Комунална хигиена“ во нејзините обиди да ги расчисти сите неправилности во претпријатието и проблеми кои се таложеле три децении.

– Откако Косана постапи порано, и на 25 јуни реши да им даде откази, отпосле овие мафијашки структури одлучија да се пресметаат со неа. Решенијата отказни на овие мафијашки ги имате, а јас не дозволувам да се манипулира со една жена која се нафати да работи со 1.400 вработени во претпријатие да биде заложништво на стотина ликови семејно поврзани да се обидат да го превртат ова и да излезе таа виновна.

Треба да го поздравите ова што некој се справува со тие мафијаши после 30 години. И ако мислите дека за еден ден се прави сериозна пријава и се ставаат сите аргументи, се лажете. Затоа што немало маж доволно силен во изминатите 30 години да се справи со нив. Минатиот месец се преземаа мерки и тие почнаа со бунтови откако видоа дека тука нема повеќе шегување и дека нема намера да попушти на уцени и притисоци – рече Арсовска во своето жестоко обраќање.

Порача дека Косана Мазнева треба да се поздрави и да се каже браво затоа што и застанала на патот на мафијата.

– Нема мафијаши повеќе да уценуваат, нема политички структури да се играат со животот на граѓани. Се собрале 50 души, од кои 30 не се вработени во ХКС, а во МВР се детектирани сите лица. Треба да се засрамат сите што молчеле овие 30 години, посебно што немало маж да застане и да се спротивстави.

Не можеме да надпополниме за пет часа она што го направија мафијашите за три дена. За неработниците повеќе тука место нема. Ретко кој се осмели да пренесе и да каже дека фативме луѓе кои пет години седат во Германија и Швајцарија и земале плата. Не се прашувате како се случило тоа? Па на списокот има 45 лица од едно семејство, тоа говори многу како се работело – додаде Арсовска.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Нема да поминат заканите за тужба, да се одговори кога е осигуран објектот на Универзална сала

Костадиновска Стојчевска ќе ја тужи Арсовска за клевета за пожарот во Универзална

Орце Костов

Арсовска: Зошто Костадиновска-Стојчевска не го пријавила пожарот ако знаела за него пред девет часот

Орце Костов

Се чекаат кандидатите за пратеници на Данела Арсовска: На изборите ќе се гласа за пет коалиции и две партии

Орце Костов

Арсовска постави нов директор на Водовод и канализација

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК