Обвинение за поранешниот директор на Комунална за хаосот со ѓубрето во Скопје

Од:

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица, кои се товарат дека како соизвршители сториле кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Истрагата покажа дека во текот на октомври годинава, двајцата обвинети, со пропуштање на вршење надзор над собирањето, со транспортот и со непрописно управување со отпадот можеле да предизвикаат значително оштетување на квалитетот на почвата, воздухот или водата, опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителниот или животинскиот свет во поголеми размери.

Вршителот на должноста директор во ЈП „Комунална Хигиена“ Скопје, постапил спротивно на Статутот на претпријатието, на Законот за комунални дејности и не ги спроведувал одлуките и заклучоците на Управниот одбор, не се грижел за спроведување на деловната политика на претпријатието, не ги извршувал работите од неговиот делокруг на работа, не учествувал во утврдување на критериумите за користење и распоредување и за управување со средствата остварени со работењето на претпријатието, не го следел и не го анализирал извршувањето на плановите и договорните обврски и не преземал мерки за нивно остварување и не обезбедил мерки за заштита на животната средина. Како директор на јавно претпријатие кое е давател на комунална услуга бил должен, но сепак давањето на комуналните услуги не го вршел постојано и квалитетно и не се грижел да ги одржува во функционална и исправна состојба објектите, опремата и уредите.

Заедно со вториот обвинет, вработен како Управител за отпад-подгрупа 5, давател на услуги во областа на комунални дејности кој имал Уверение за положен стручен испит за управување со отпад од Министерството за животна средина и просторно планирање, со умисла постапувале спротивно на Законот за животна средина и на Законот за управување со отпад не презеле мерки и активности за заштита на животната средина и не ги спроведувале плановите и програмата за управување со комуналниот отпад на подрачјето на Градот Скопје.

Бидејќи не ја извршиле својата основна дејност за редовно собирање и транспортирање на безопасен отпад, ниту побарале измена на Оперативниот план и Оперативна програма, обвинетите овозможиле да се создадат депонии на јавни и сообраќајни површини со одлагање на комуналниот отпад во непосредна близина на предвидените садови за собирање.

Бидејќи прибирањето на доказите е завршено, а обвинетите веќе немаат можност да влијаат на постапката, јавниот обвинител предложи мерката притвор да им биде заменета со мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавуваат повремено во судот и привремено одземање на патна исправа или друга исправа за преминување на државна граница, односно забрана за нејзино издавање. За обвинетиот управител со отпад кој се уште е вработен во ЈП „Комунална хигиена“, обвинителството предложи и дополнителна мерка – забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, односно привремено отстранување од работното место.

Би можело да ве интересира

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски

Загадена вода преку пумпите на „Комуналец“ влегла во главниот водовод, Обвинителството објави детали

Ленче Ристоска: Не е точно тврдењето на државниот обвинител Савески дека предметот „Талир 2″ ќе беше во мое надлежно постапување доколку не поднесов оставка

Предраг Петровиќ

Британец фрлал камења кон даночни контолори кај „Камени кукли“, сопруг е на Стојна која се поврзува со спорот околу локалитетот

Катерина Ѓуровски