Арсовска од Ѓорче: Спортски комплекс, уредување на Лепенец, енергетска транзиција, расчистување со депониите за 82 дена

Од:

Данела Арсовска, независната кандидатка за градоначалник за Град Скопје, вечерва на митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Ѓорче Петров, ги посочи проектите кои ќе бидат клучни за општина Ѓорче Петров и Скопје:

dobivaj vesti na viber

-Од проектите за општина Ѓорче Петров важно е поврзувањето на булевар „Словенија“, со Ѓорче Петров, така ќе се финализира онаа внатрешна обиколница и ќе го олесни движењето низ градот;

-Поврзувањето со четири ленти на булевар „Теодосиј Гологанов“ до раскрсницата на булевар „Ѓорче Петров“ ќе биде еден од приоритетите;

-Изградба на Спортски комплекс, со трим и вело патеки, со терени за ракомет, кошарка, одбојка и многу други содржини за кои вие самите кажавте дека ви е неопходно тука во Ѓорче;

-Ќе се уреди коридорот на реката Лепенец, со велосипедски патеки, со фитнес зони, со детски катчиња за најмладите, со катчиња за пензионерите, да се придонесе кон уредување на овој заборавен дел од Ѓорче;

-Кучковци повеќе не смее да немаат вода за пиење со месеци, не е дозволиво, луѓето не смеат да бидат заборавени заради ароганцијата и мрзливоста на еден човек;

-Ќе се субвенционира вистинска енергетска транзиција, преку енергетски ефикасни фасади, преку соларно фотоволтаични панели, преку инвертер клими, топлински пумпи за домаќинствата;

-Оние дивите депонии за кои Шилегов снимаше спотчиња, а ние ги гледаме секој ден, како онаа во Ново село, која гори и согорува опасен отпад секој ден, ќе ги расчистиме за точно 82 дена.

Арсовска истакна дека треба да се стави крај на празното политиканство и трошење на парите на скопјани за непостоечки проекти.

Проект не е асфалтирање на улица, туку тоа е обврска на градоначалникот, сега е времето да се бориме за Скопје, за да живееме во подобар и поубав град, затоа ја барам вашата поддршка да избере убави промени во Ѓорче, за модерно Скопје и за поубава Македонија, посочи Арсовска во Ѓорче Петров.

Би можело да ве интересира

Јанчева: Аросвска бега од медиумите, се плаши да не ја прашаат за бројните проблеми во Скопје

СДСМ: Арсовска не може принтери да обезбеди, а не па проекти, толку од кадрите на Мицкоски

СДСМ: Езерцата во Градски парк неисчистени со месеци, Арсовска ги претвори во извор на зараза

(ВИДЕО) Јанчева: Шест месеци Данела Арсовска ги мина во неработење, не реализираше ниту еден проект, ниту едно ветување

А1он

Каевска: Данела Арсовски со чудни и неосновани тужби се обидува да ја сокрие неработата

Арсовска: Не смее да се дозволи животите и имотите на граѓаните да бидат загрозени

А1он