Арсовска излажа, депониите во Скопје стојат тврди СДСМ

Од:

СДСМ ги провери депониите низ Скопје. Се потврди дека Данела Арсовска ги излажа скопјани дека исчистила 150 депонии низ градот. За тоа примери има многу, фотографиите се поразителни и ја покажуваат реалноста која скопјани ја гледаат секој ден, нечистотија на секој чекор велат од СДСМ.

– Фотографиите ја покажуваат сета лага на Данела Арсовска и говорат за нејзината неспособност.Во Бутел и во Шуто Оризари се најголемите депониии. Иако речиси и да нема општина во Скопје во која се гледа неработата на Арсовска, градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ.Во првите сто дена од мандатот едно е јасно, Данела Арсовска е најслабиот градоначлник што досега го имало Скопје, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар