Арсовска ги казни Муцунски и Општина Аеродром 88 илјади евра: Направена депонија кај ФФМ

Од:

Инспекторатот за животна средина изрече парична казна за општина Аеродром и градоначалникот Тимчо Муцунски во висина од 88.000 евра во денарска противвредност поради исфрлање на отпад на јавна површина со што се загрозува животната средина и здравјето на граѓаните информираат од Град Скопје.

– Имено, општина Аеродром преку компанијата “Пирамид Билдинг” ангажирана на тендер, наместо на предвидената локација во ЈП “Дрисла” го исфрлала општинскиот отпад на зелена површина, во парк во близина на управната зграда на ФФМ на бул.АСНОМ со што направиле нова дива депонија. Рокот за подмирување на казната е 8 дена од денот на изрекувањето, во спротивно истата присилно ќе се наплати. Дополнително, против сите прекршители ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави, се вели во соопштението од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Муцунски води тајни разговори за иднината на Македонија

Муцунски: Се водат разговори „под радарот“ за да се одблокира европскиот пат на земјава

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Муцунски за Османи: Не успеа да добие доверба од своите соседи, а држи лекции за политички легитимитет

А1он

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски