Арсовска го именуваше Александар Трајановски од ГРОМ за заменик градоначалник

Од:

На позицијата заменик градоначалник на Град Скопје е именуван Александар Трајановски информираат од Град Скопје.

– Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година. Имајќи во предвид дека во тек е неговиот втор мандат како советник во Град Скопје, Трајановски е еден од поискусните во овој советнички состав со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација. Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ – АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот. Воедно е стипендист на Институтот за јавни политики „Мајка Тереза“ поддржан од Европската Унија. Неговото искуство во голем дел ќе придонесе во остварувањето на програмата „За Модерно Скопје“ и остварувањето на интересите на сите граѓани на Скопје се вели во соопштението од Кабинетот на Арсовска.

Би можело да ве интересира

Голема загуба за сточар од Чашка: Гром усмрти 107 овци

Горан Наумовски

Левица: Орце Ѓорѓиевски и ДПМНЕ го претвораат Советот на Град Скопје во режирана претстава без можност за дебата

Левица: Милиони за прскање без доказ дека делува – исти фирми и средства

Катерина Ѓуровски

Гром усмрти американски турист на Етна во Сицилија

А1он

(ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Гром уби фудбалер за време на натпревар

Горан Наумовски

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ