Архиепископот г.г. Стефан на средба со Заев изрази благодарност за писмото до партијархот Вартоломеј

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, што ја предводеше г.г. Стефан, архиепископ на МПЦ-ОА, придружуван од митрополитите г. Тимотеј и г. Климент.

Делегацијата на МПЦ-ОА, како што информираат од владината прес-служба, на средбата изразила честитки за изборната победа и за новиот мандат на премиерот Заев, со желби за успешна работа во услови на мир на Владата на Северна Македонија и за реализација на програмските определби за кои гласаше мнозинството на народот во земјата.

На средбата, претставниците на Синодот на МПЦ-ОА искажаа благодарност за писмото упатено од премиерот до патријархот Вартоломеј и Цариградската патријаршија и ја поздравија оваа инцијатива како важна поддршка од Владата во процесот на обезбедување автокефалност на МПЦ-ОА.

Премиерот Заев на средбата изрази подготвеност да го поттикне ангажирањето на институционалните капацитети за затворање на денационализацијата на имотите што припаѓаат на МПЦ-ОА, како и за конзерваторските проекти за заштита на црковното културно наследство, коишто се и приоритети на Министерството за култура.

На средбата со архиереите на МПЦ-ОА, премиерот Заев уште еднаш упати честитки по повод 1000-годинишнината од Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, како еден од најважните црковни настани оваа година.

Би можело да ве интересира

Политиката на свиткана кичма на Заев донесе штетни договори од кои и денес Македонија едвај глава крева реагира ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев се лицето и опачината на истата паричка – ортаци се во криминалот и корупцијата

Предраг Петровиќ

Честитка од архиепископот Стефан до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не е нов лидер, туку чувар на фотелјата на Заев

Г.г. Стефан: Цариградската патријаршија ни поставува неприфатли услови за томос

Катерина Ѓуровски

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите