Архиепископот Стефан го најави заедничкото сослужение со Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Од:

Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан на заедничката литургија со СПЦ во соборниот храм во Скопје најави заедничко сослужение во во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар.

– Еве, и во навечерието на ова торжество на љубовта, ни пристигна уште една радост – блага вест од Царицата на градовите – Константиновиот град: примено е нашето благодарствено писмо и нашата молба за сослужение е прифатена – па на роденденот на Црквата, на Педесетница, ќе сослужуваме во храмот на Вселенската Патријаршија во Фанар, рече архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.

Тој се заблгодари на српскиот патријарх Порфириј и на Синодот на СПЦ за завршувањето на 55-годишниото чекање на верниот македонски народ и на македонската црква за автокефалност.

-Овој историски период кој сите ние го минуваме е празник за сите христијани во Македонија, без разлика на национално потекло, кои се внуци на оние што сонуваа да ја видат обновена својата Охридска Архиепископија, да ја видат автокефална, или се правнуци на сите оние кои некогаш живееле обединети под едниот омофор на Охридскиот Архиепископ. Тие наши предци сега од небесната Црква се радуваат заедно со нас, гледајќи ги нашата радост и нашето единство, нагласи г.г. Стефан.

Би можело да ве интересира

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Сочувство од архиепископот Стефан за упокојувањето на папата Франциск

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Сочувство од вселенскиот патријарх Вартоломеј за трагедијата во Кочани