Арачиновец и раштанец преку Фејсбук завеле 15-годишнa девојка и ја силувале

Од:

Тетовското обвинителство поведе постапка против две лица кои се осомничени за обљуба врз немоќно лице. 18-годишен маж од селото Рашче завел 15-годишна девојка преку социјалните мрежи, и заедно со својот 54-годишен пријател од Арачиново, ја силувал.

„Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против две лица кои се осомничени дека сториле по едно кривично дело – Обљуба врз немоќно лице согласно член 187 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик.

Оштетената 15-годишна девојка преку социјална мрежа се запознала со едниот осомничен, 18-годишен жител на селото Рашче, општина Сарај и се договориле да се сретнат во Тетово. На закажаната средба на 29 јануари, 18-годишникот пристигнал заедно со вториот осомничен, 54-годишен жител на Арачиново.

Злоупотребувајќи ја немоќта на оштетената, која била неспособна за отпор, осомничените во периодот од 10 до 16 часот на критичниот ден, на повеќе локации вршеле полови дејствија со неа. Осомничениот 54-годишник е лишен од слобода, додека по другиот осомничен се трага.

Јавниот обвинител, по донесената наредба за истрага, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата го прифати предлогот и за двајцата осомничени определи притвор во траење од 30 дена, со тоа што за осомничениот кој што е во бегство мерката ќе започне да се применува од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода.​“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски