Апсис: Арсовска ја покрива својата неспособност, проектот за Универзална сала е стручен

Од:

Советничката во Советот на Град Скопје, Анжелика Апсис, вели дека Данела Арсовска изнесела голем број невистини за проектот за Универзална сала.

„Арсовска го стопираше проектот за иградба на Универзална сала за кој владата обезбеди 2 милиони евра.

После двомесечен молк за причините заради кои го стопирала проектот, денес излезе со целосна невистина во јавноста.

Не е точно дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден. Проектот е професионално сработен и одобрен низ повеќе постапки од стручни лица и целосно е безбеден.

Самиот проект уште на почетокот е пратен на мислење на Градежен факултет од каде е одобрен и тоа одобрвуање Град Скопје го има.

Понатаму, Пратен и одобрен е и од Институтот за сеизмолошки истражувања со што се потврдува неговата безбедност и стабилност за градба.

Надзорот на изградбата ги има исто така одобрено сите градежни зафати. Не постои ниедна постапка или процедура за изградба на Универзална сала која не е запазена во целост.

Записници за технички решенија во тек на градба не се и не може „градежен безбедносен проблем“ да бидат оправдување за неспособноста на Арсовска.

Престанете со сите овие невистини. Скопјани веќе го изгубија трпението. Треба да го сработите тоа за кое сте избрани“, рече Апсис.

Би можело да ве интересира

Арсовска до ОЈО достави 20 нови предмети во врска со градби во Чаир

А1он

Арсовска: Обвинителството започна постапката по првата пријава за фалсификатите од Општина Чаир

Арсовска: Висар Ганиу и Ејуп Адеми му овозможиле легализација на уште еден малолетник Адис Беќаровски, врз основа на барање кога имал 5 години

Град Скопје: Во сабота и недела ќе се реализира авионска дезинсекција против комарци

Арсовска достави документи за 20 случаи за легализирани дивоградби во Чаир до Обвинителството за организиран криминал

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Доставивме нови документи до Обвинителство со фалсификатите на Висар Ганиу

А1он