На јавна седница денеска Апелацискиот суд Скопје ќе одлучува дали прислушуваните разговори ќе може да се користат како докази во предметот „Тортура“ на Специјалното јавно обвинителство.
Овој предмет се однесува на начинот на апсењето на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошковски по предвремените парламентарни избори во 2011 година.
Првообвинет е поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, додека второобвинет е екс-командантот на Алфите, Ивица Антевски-Пуки.
Тие двајца и другите пет обвинети во овој предмет се товарат дека сториле кривично дело мачење и друго сурово, нечовечко постапување и казнување.