Апелација одлучи „бомбите“ да бидат доказ во „ТНТ“ и „Топлик“

Од:

Прислушуваните разговори во случаите „ТНТ“ за уривањето на комплексот Космос и „Топлик“ за изградбата на Сончев град стануваат дел од доказите што ќе се користат во овие судски процеси, одлучи Апелацискиот суд во Скопје.

Судот ја преиначи одлуката на Кривичниот суд и ги прифати жалбите на Специјалното јавно обвинителство со кои Обвинителството бараше прислушуваните разговори во предметите „Топлик“ и „ТНТ“ да бидат доказ во судската постапка.

Обвинителите од СЈО вчера на двете јавни седници изјавија дека обвинетите во овие предмети, поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески не се жртви на прислушкување, туку тие биле дел од власта што незаконски прислушкувала. Обвинителите тврдеа дека снимките имаат доказна вредност и со нив не се повредува приватноста на обвинетите.

Адвокатите на обвинетите, пак, тврдеа дека прислушкуваните разговори се незаконски стекнати и се нарушува приватноста на обвинетите.

Снимките од прислушуваните разговори досега се прифатени како докази и во предметот „Триста“ во кој обвинет е поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски и за „Насилство во Центар“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски и случајот „Тендери“ во кој е обвинета поранешната министрека за култура Елизабета Канчевска – Милевска.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Судски совет утре ќе одлучува да за враќање на Шабани во Кривичен суд до завршување на „Талир“ и „Титаник“

А1он

Судијката Ристеска се враќа во Кривичен суд до објавување на пресудата за Ласкарци

Александар Тодески

Судски совет ќе ја враќа судијката Ристеска во Кривичен суд за да го спаси предметот Ласкарци

Александар Тодески

Пендаровски: Судовите добро да ја проучат пресудата од Стразбур за Јанакиески, потребни се реформи

Александар Тодески

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките