Апелација ќе решава дали „бомбите“ се доказ за „Тендери“

Од:

Апелацискиот суд денеска треба да расправа дали снимките од прислушуваните разговори ќе можат да се користат како доказ во случајот на Специјалното јавно обвинителство „Тендери“. Седницата вчера беше одложена поради отсуството на судијката Лилјана Ивановска-Шопова поради службени обврски.

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот суд Скопје 1 – Скопје, на 27 септември годинава ги одби т.н. „бомби“ како доказ во случаите „Тендери“, „Топлик“ и „Тортура“.

Во случајот „Тендери“ обвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на ВМРО, од проектот „Скопје 2014“. Во „Топлик“ осомничени се шест лица од Министерството за транспорт и врски за изградба на „Сончев град“, а „Тортура“ се однесува на апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски.

Снимките од прислушуваните разговори досега се прифатени како докази во предметот „Триста“ во кој обвинет е поранешниот помошник-министер во МВР Ѓоко Поповски и за „Насилство во Центар“ во кој обвинет е поранешниот премиер Никола Груевски, а се отфрлени за „Титаник“, „Тенк“, „Тифани“ и „Тревник“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Украина: Русија почна масовно да користи термобарични боеви глави

Горан Наумовски

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири

СБУ: Руси поставиле експлозиви во продавници во Киев, планирале терористички напад

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

A1on

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски