Апелација одби да му го врати пасошот на Камчев во замена за гаранција од 3 милиони евра

Од:

Орце Камчев нема да го добие назад пасошот кој му го одзема судот, како мерка на претпазливот за случајот „Империја“. Вака одлучи Апелацискиот суд, кој ја одби неговата гаранција во износ од 3 милиони евра. Според судечкиот совет, жалбата на Камчев е неоснована.

„Апелацискиот суд донесе решение со кое жалбата на осомничениот  ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е одбиен предлогот на осомничениот за замена на мерката претпазливост со гаранција“, соопшти Апелација.

Орце Камчев понуди хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот пасош кој судот му ги одзеде како мерка на претпазливост. Адвокатот Антонио Апостолски кој е бранител на Орце Камчев рече дека со овие пари, може да се гарантира дека неговиот клиент ќе се јавува во судот и на евентуално судење.

Обвинителот Јован Цветановски од Вишото јавно обвинителоство пак, посочи дека со гаранцијата Камчев може да гарантира присуство, но не и да се надомести штетата доколку тој е недостапен за органите на прогонот.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Запленетите акции на Мијалков на аукција на берза

Обвинителството презентираше докази за „Империја“, судењето продолжува на 9 мај

Ана Ололовска

Во Кривичен продолжи судењето за „Империја“

Ана Ололовска

Зоранчо Митровски кој призна вина за „Империја” доби двегодишна условна казна