Апелација и ја намали затворската казна на Јанкулоска од 6 на 4 години

Од:

Апелацискиот суд во Скопје по одржаната јавна седница ја преиначи првостепената пресудата за ексминистерката Гордна Јанкулоска за случајот „Тенк“ со што е намалено времетрањењето на казната затвор на Јанкулоска од 6 на 4 години.

-Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-46/18, во јавноста познат како „Тенк“, по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетата Г. Ј. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената пресуда во делот на одлуката за казната и обвинетата ја осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години. Апелациониот суд Скопје во останатиот дел првостепената пресуда во целост ја потврди, стои во соопштението на Апелацискиот суд.

Ексминистерката Јанкулоска од страна на Кривичниот суд во Скопје беше осудена на 6 години затвроска казна за набавка на луксузниот мерцедес с600 за кој Специјалното јавно обвинителство покрена обвинение под кодното име „Тенк“.

Во случајот „Тенк“ осудени беа поранешниот премиер Никола Груевски на две години казна затвор и поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски на 4,5 години затвор, за набавка на блиндирано моторно возило „Мерцедес С 600 Гард“ во вредност од 600 илјади евра.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов

Џолев ќе одлучи дали ќе побара разрешување за поротникот кој може да врати четири предмети на СЈО од почеток

Кристијан Ландов

Сопругот и адвокат на Јанкулоска: Нејзина главна мотивација е да се утврди кој прислушувал

Кристијан Ландов