Aпел од Kомисијата за односи со верски заедници и религиозни групи за инцидентите

Од:

Во духот на демократските принципи и начела врз кои се потпира нашето општество, Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, денеска апелираше да престанат манифестациите на насилство, меѓусебната нетрпеливост и меѓуетничката нетолеранција.

Од Комисијата потенцираат дека меѓуверската и меѓукултурната толеранција отсекогаш биле и натаму треба да бидат темел на  нашиот заеднички живот.

– Верата отсекогаш била чин на взаемно почитување и возвишен однос кон Бога и вероисповед на другиот, а улицата како место за пресметка е само деградација и уривање на темелните човечки принципи. Да не дозволиме екстремниот и нетолерантен однос кон нештата непотребно да предизвикаат турбуленција и непотребни меѓуетнички и меѓуверски конфликти кои можат да имаат далекусежни последици, посебно кон животот на нашите деца кои се благодет и наша иднина, стои во соопштението.

Само времето на толеранција и соживот, подвлекуваат од Комисијата, може да биде нашето време во кои се вложени и се вложуваат максимални напори кои водат кон благодетите на заедничкиот живот и разбирање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови снимки од студентите во Охрид: Ги симнуваат лустерите и пијат од нив, фрлаат прозорци од апартманот

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Студенти од Загреб и Србија демолираа хотел во Охрид

Горан Наумовски

Се зголемува бројот на злосторства од омраза во САД

Скопјанка истепала две жени во Ѓорче Петров

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Полицаец осуден на една година затвор, поради претепувањето на битолчанецот додека го апсеше

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Тепачка во „КАМ“ маркет, вработен бил нападнат од купувач

Кристијан Ландов