Апасиев ја донесе Арсовска пред антикорупционерите

Од:

До ДКСК пристигна пријава за нерегуларни трошења на кандидатката за градоначалник на Град Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска.

Таа официјално е независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, со различен број на гласачкото ливче од партијата ВМРО-ДПМНЕ, без никаков склучен договор за коалицирање во изборниот процес.

Пријавата е поднесена од Левица во средата, чиј лидер, Димитар Апасиев реагираше преку социјалните мрежи уште пред девет дена.

„Данела Арсовска, официјално е независен кандидат за градоначалник на Скопје, со различен број на гласачкото ливче од ДПМНЕ. Правно гледано, немаат ни склучено договор за коалиција. Тоа значи дека, по закон, и следува само 3% од буџетот за платено политичко рекламирање (околу 15.000 ЕУР) и само 30 секунди на секој час емитувана програма – како и за сите останати “независни кандидати“. Арно ама, она лагано си ги користи 45% од првиот привилегиран пакет на парите кои им следуваат на ДПМНЕ и ААА (цирка, околу милион ЕУР за реклами)!? ДИК, АВМУ и Антикорупциска, ко по обичај, мува не ги лази за овие нерегуларности“, реагираше Апaсиев на Фејсбук.

Од партијата се сомневаат дека Арсовска ги користи буџетските средства и рекламниот простор кои што согласно со Изборниот законик ѝ припаѓаат на коалицијата „Обнова на Македонија“, иако и двата субјекта немаат склучено официјален писмен договор за коалиција, а како доказ за тоа наведуваат дека Данела Арсовска настапува под реден број 82, а коалицијата „Обнова на македонија“ под реден број 7 на гласачкото ливче. Апасиев посочи дека има и кривична одговорност за нелегално трошење буџетски пари за друг правен субјект, со друг даночен број.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена