Без Филипче, со Ахмети и Апасиев, Мицкоски денеска прави лидерски собир

Од:

На иницијатива на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во Клубот на пратениците треба да се одржи лидерска средба со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието.

Како што е најавено, на средбата ќе се разговара за реформските закони од областа на правосудството, изборот на народен правобранител, измените на Изборниот законик и можноста за укинување на техничката влада, како и за други прашања што ќе ги предложат учесниците.

Од опозициските партии, учество потврдија лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го одби повикот за лидерска средба.

Филипче на прес-конференција на 8 јануари изјави дека не прифаќа разговори за укинување на техничката влада, обвинувајќи дека премиерот бара „алиби за распишување предвремени избори“. Според него, техничката влада треба да остане како гаранција за фер избори и механизам за спречување злоупотреба на институциите. Во однос на реформските закони, Филипче истакна дека дебатата треба да се води во Собранието, каде што СДСМ ќе ги поддржи сите квалитетни решенија. Тој додаде дека партијата ќе учествува на парламентарни избори доколку бидат распишани.

На лидерската средба се очекува да присуствуваат и претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, како и претседателот на Беса и градоначалник на Тетово, Биљал Касами, како дел од коалицијата ВРЕДИ.

ДУИ синоќа на седница на Генералниот совет во Мала Речица едногласно одлучи партијата да учествува на средбата. Портпаролката Арта Биљали Зендели изјави дека барањата на ДУИ ќе ги соопшти лично лидерот Али Ахмети.

Од Левица порачаа дека се подготвени да прифатат укинување на техничката влада, но под услов да се воведе една изборна единица. Пратеникот Амар Мециновиќ информира дека партијата ќе присуствува на најавената лидерска средба.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Соседна држава шири теза ЕУ да ја сопре финансиската помош за Македонија за таа да клекне и да го исполни барањето, а истата опасна теза ја шири опозицијата во земјава

ВИДЕО: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла, пресметка Мицкоски-Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Непријателите на Албанија ги иницирале протестите вели Ахмети, ги спомна Грција и Белград

Катерина Ѓуровски

Филипче: Загрозен Вториот пензиски столб – нема пари во буџетот па ќе се трошат заштедите?

Муцунски го повикал бугарскиот амабасадор: се бара истрага и објаснување за објавената нота за семејството на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Аматерски, неразумен и штетен – премиерот за потегот на Бугарија да ја објави дипломатска нота за патување на неговото семејство