Антоновски се повлече од Управниот одбор на СЕММ

Од:

Управниот одбор на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) на својата вчерашна седница го констатира известувањето од Драган Антоновски за оставка и ослободување од функциите претседател и член на Управниот одбор на Советот.

Во согласност со член 19 од Статутот на Советот за етика во медиумите, Управниот одбор одлучи дека функцијата претседател до завршување на мандатот на УО ќе ја извршува Катерина Синадиновска, досегашен член на ова тело.

Драган Антоновски се повлече од Управниот одбор на СЕММ по неговото именување на функцијата генерален директор на Македонската информативна агенција (МИА).

– Како дел од основачите на СЕММ, ќе продолжам силно да го поддржувам работењето на СЕММ како тело за саморегулација во медиумите и лично ќе се залагам МИА да биде сервис кој известува етички, професионално и доследно на интересот на јавноста, наведува Антоновски во своето известување.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март