Антикорупциската проверува како Богдановиќ ја издал градежната дозвола за првата зграда спроти „Холидеј ин“

Од:

Антикорупциската комисија бара од градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, да ја достави документацијата како е издадена градежната дозвола за изградба на првата 20-катница на паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“. Претседателката на антикорупциската, Билјана Ивановска, за „А1он“ вели дека сакаат да го заокружат предметот откако претходно го разгледуваа донесувањето на детаљниот урбанистички план за кој утврдија дека не е во согласност со Генералниот урбанистички план и поднесоа кривична пријава до Обвинителството. Во јавноста за оваа пријава нема информации дали е процесирана и во која фаза е, а нема ниту Ивановска.

„Праќаме писмо да ги видиме дозволата и проектот. Сакаме да ги видиме сите детали од тој предмет. Веќе ни беше отворен, го разгледувавме детаљниот урбанистички план, начинот на кој се изврши продажбата на тој простор и сега, конечно, да видиме како е издадена градежната дозвола. Едноставно, да го заокружиме предметот. За да бидеме мирни, треба да прочитаме сѐ, не можам јас однапред да кажам дека ќе најдам наод“, рече Ивановска за „А1он“.

Фотографија од одобрениот проект

Ивановска смета дека Обвинителството треба да излезе со информации за поднесената кривична пријава за неусогласеноста меѓу ДУП со ГУП.

„Ние ја гледавме продажбата како е донесен детаљниот урбанистички план. Дадовме кривична пријава за начинот на донесување на ДУП-от, утврдивме одговорност за сите што потпишале донесување на ДУП-от, кој не е усогласен со ГУП. Нас од Обвинителството ништо не нѐ известиле, поминаа, не знам што чекаат. Ова е прашање од висок јавен интерес и до сега да се заврши и барем да излезат во јавност со нешто. Остана уште овој дел да го видиме“, додава Ивановска.

Вчера, Богдановиќ за „А1он“ потврди дека не постои никаква пречка да се почне со градење кај „Холидеј ин“ на една од трите висококатници. Тој посочи дека деновиве ќе ја потпише градежната дозвола зашто нема простор да се одложува правосилноста.

Местото каде што ќе се градат висококатниците

Фирмата „Фешн груп“ и Македонската православна црква (МПЦ-ОА) се инвеститори на овој проект. Тие градежната дозвола за првата кула ја побараа во април годинава. За оваа кула им се платени комуналии од 2,4 милиона евра на Град Скопје и на Општина Центар

За да не се гради овој објект, имаше и онлајн-петиција, која инвеститорите ја нарекоа беспредметна. Проектот треба да се гради во три фази. Во првата фаза изградба на станбен објект со 20 ката и височина од 80 метри на парцелата на МПЦ. Во втората фаза изградба на станбено-деловен објект со 22 ката и височина од 15 и 88 метри. Во третата фаза – изградба на трговски центар од затворен тип со височина од 15 метри и деловна зграда – кула со 16 ката и височина од 76,5 метри.

Би можело да ве интересира

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Во Собрание избор на новиот состав на ДКСК

Катерина Ѓуровски

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски