Архитектката на комплексот спроти „Холидеј Ин“: Беспредметно е да правиме муабет за некаква петиција

Од:

Архитектката Јана Гугуловска-Ѓорѓевик смета дека никој не сака да го спречи градењето кај хотелот „Холидеј Ин“, каде што сега има паркинг. Таа при презентација на проектот рече дека беспредметно е да се прави муабет за онлајн петицијата. Досега, преку онлајн платформата се потпишани над 9.000 граѓани, кои велат: „Не за изградба на нехумано голем објект на паркингот пред хотелот ‘Холидеј Ин’“.

„Што се однесува до петицијата, јас колку што знам таа гласи ‘Не за масовни чудовишта’, а не е за не градење или стопирање на градба. Имајќи во предвид дека таа макета изработена од наши колеги, не соодејствува со деталниот урбанистички план според кој е правен овој проект, мислам дека е беспредметно да правиме муабет за некаква петиција, која што е направена врз база на некакви си модели кои не се согласни со ДУП. Јавноста треба да види дали била изманипулирана или не“, рече архитектаката Јана Гугуловска-Ѓорѓевик.

Инаку, во петицијата стои дека проектот е предвидено да се реализира во три фази. Во првата фаза изградба на станбен објект со 20 ката и височина од 80 метри, на парцелата на МПЦ. Во втората фаза изградба на станбено-деловен објект со 22 ката и височина од 15 и 88 метри. Во третата фаза – изградба на трговски центар од затворен тип со височина од 15 метри и деловна зграда – кула со 16 ката и височина од 76,5 метри.

Преку отворено писмо до премиерот Зоран Заев, и неколку невладини организации и граѓани бараат да го спречи градењето на висококатници на паркингот кај Холидеј Ин. Според нив ова е ултимативна шанса за Скопје која мора да се искористи во име на граѓаните, а не во интерес на инвеститорите.

Би можело да ве интересира

Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

Ќе се проценуваат ризиците од свлечишта и нестабилност пред планот за Барутана да оди на гласање, ветува Герасимовски

Катерина Ѓуровски

Општина Центар најави нова дератизација, откако граѓаните се пожалија на наезда на глувци

Катерина Ѓуровски

Аларм за наезда од глодари во Центар: Живи и мртви, стаорци и глувци на паркинг кај основно училиште

Герасимовски: Недозволиво е ова што му се случува на Центар, цел град е преплавен со смет

А1он

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек