(ВИДЕО) Антикорупциска: Јавноста да ги пријавува сите евентуални злоупотреби во изборниот процес

Од:

Антикорупциската комисија ги охрабрува граѓаните, невладините организации и медиумите да ги пријавуваат сите неправилности во изборната кампања за избор на претседател и локалните избори во Охрид, Дебар и Ново Село.

Од комисијата потсетуваат дека во периодот од 20 дена пред почетокот на кампањата па се до изборот на претседател и градоначалник, не може да се одржуваат јавни настани по повод изградба и пуштање во употреба објекти изградени со буџетски пари, водоводи, училишта, градинки и сл. Забрането е да се користи канцелариски простор и опрема, како и службени возила на државни органи за изборни цели.

ДКСК ќе го истражува ќе врши контрола на буџетските пари и ќе го следи финансирањето на изборна кампања, по сопствена иницијатива, по поднесен приговор од организатор на изборна кампања или од акредитирани набљудувачи.

На веб-страницата на Антикорупциската комисија објавена е формата на Пријава за сомневања за незаконитости и прекршувања во изборниот процес која може да ја пополни секој кој има информации дека се злоупотребуваат буџетски средства за изборни цели, ако се вршат обиди за притисоци и закани врз гласачи, ако се почнува со изградба на јавни објекти, водоводи, училишта, патишта или ако се исплатуваат пензии, социјална помош и плати кои не се редовни месечни исплати.

На веб страницата на ДКСК е објавен регистар на возила на државни органи, на општини и на јавни претпријатија, со регистарски таблички. Од комисијата повикуваат секој што ќе детектира залоупотреби на возила за изборни цели, да го пријави случајот во ДКСК.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

ДКСК: Вишиот Управен суд ја одби жалбата на АСЈО, постапката за прием на нови слушатели ставена во мирување

Горан Наумовски

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран