Антикорупциска бара мерки за министерот Хоџа и прекрошна постапка за директорот на МЕПСО

Од:

Државната комисија за спречување на корупција на денешната седница констатира дека во врска со случајот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа е прекршен Кодексот за однесување на членовите на Владата односно принципот на владеење правото и оти носителите на извршните функции ги вршат своите овластувања и должности во согласност со уставот и законите. Прекрешени се и принципите на взаемно почитување и заштита на угледот на Владата и институциите, на одговорност и принципот за одбегнување на судирот на јавниот и приватните интереси, според кој носителите на извршните функции ја извршуваат функцијата како основна и единствена должност и не смеат да вршат друга дејност која може да влијае врз непристрасно вршење на нивната должност и овластување.

Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска информира дека ќе се испрати барање до овластеното лице за следење на етичкиот кодекс на Владата да преземат соодветни мерки кон министерот Хоџа.

– Носителите на извршните функции треба да се однесуваат професионално, да ги задржуваат највисоките стандарди на однесување односно да се однесуваат со особено внимание и почитување на личноста и угледот на секој поединец, исто така носителите на извршни функции ги почитуваат овластувањата на другите избрани и именувани лица и вработените во јавниот сектор кон кои се однесуваат во согласносо со овој кодекс, изјави претседателката на ДКСК Ивановска.

Претходно, Ивановска се осврна на изјавата дадена од министерот Хоџа кој рекол дека водењето приватна фирма е приватен бизнис и нема никаков судир на интерси се додека таа фирма не добива никаква помош од страна на државата. „За мој личен бизнис одлучувам јас и не може да одлучува ДКСК и сум подготвен за каква било постапка да дадам одговорност“, ја цитира изјавата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, претседателката на ДКСК.

ДКСК изгласа и прекршочна мерка за прекршување на членот 47 став 2 алинеја три од Законот за спречување на корупција и судир на интереси за Кустрим Рамадани, генералниот директор и член на Управниот одбор на АД МЕПСО.

– Предлагаме да се поведе прекршочна постапка против службеното лице Кустрим Рамадани согласно членот 105 став еден алинеја седум во однос на членот 47 став 2 алинеја три од Законот за спречување корупција и судир на интереси, рече претседателката на ДКСК.

ДКСК го офрли и случајот во однос на набавката направена од страна на поранешниот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев на телефонски апарати со поголема вредност од утврдената согласно Правилникот за користење телефони, како и за сумата за разговори на телефон.

На денешната седница ДКСК утврди дека Град Скопје нема исплатено средства кон адвокатското друштво „Шилегов и партнери“ и поради тоа постапката се запира.

Би можело да ве интересира

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“