Антикорупционерите изненадени од Грковска: Наместо да се бори со нас, таа критикува

Од:

Изненадени сме од реакцијата на Кабинетот на вицепремиерката Грковска, за паушални и неосновани обвинувања, дотолку повеќе што во однос на
предметот за градоначалникот на Струга Рамиз Мерко не беше воопшто спомнат.

Истовремено, изненадени сме од неоснованите критики за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата, од орган чија цел е борбата против корупцијата.

Сите предмети на ДКСК се уредно и согласно законите елаборирани и доставени до надлежните институции. Непостапувањето на другите институции не е одговорност на ДКСК затоа што согласно нашите законски надлежности и ингеренции немаме механизми за да влијаееме на нивната работа и динамика на постапување. Неопходно е во интерес на граѓаните и во интерес на напредокот на решавање на случаите на корупција заеднички сите надлежни тела да ги насочат своите капацитети со иста цел, наместо неосновано да се напаѓа работата на ДКСК.

Доброто владеење, меѓудругото, подразбира соработка и поттикнување на институциите да работат одговорно, отчетно и транспарентно со воспоставени силни контролни системи и механизми. Сите иницијативи и препораки на ДКСК се упатени во таа насока, се вели во соопштението на ДКСК.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

ДКСК: Вишиот Управен суд ја одби жалбата на АСЈО, постапката за прием на нови слушатели ставена во мирување

Горан Наумовски

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Грковска: Не смее да се употребуваат државни ресурси во партиски цели во текот на кампањата

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран