Анкета на ДУИ: Бујар Османи сигурно влегува во вториот круг во изборот за претседател

Од:

Министерот за економија и висок функционер на ДУИ, Крешник Бектеши одговарајќи на новинарски прашања откри дека првичните анкети на партијата велат дека нивниот претседателски кандидат Бујар Османи ќе биде сигурен учесник во вториот круг на изборите.

– Во делот на претсетелските избори, првичните анекти велат дека нашиот кандидат Бујар Османи има голема предност во однос на Арбен Таравари. Јавно да кажам тој е многу блиску да влезе во вториот круг со еден од другите кандидати за претседател – рече Бектеши.

Прашан дали има желба да остане министер за економија, тој рече дека најважно е да поеди идејата на ДУИ.

– Најважно е од се е да победи идејата на ДУИ, не јас дали ќе бидам министер. Во моментот кога ДУИ ќе победи, ќе биде добро за граѓаните на земјата. Опциите се отворени до крајните рокови кога се доставуваат листите, за претседател имаме наш кандидат, кој прави одлична камапња, најподготвен е и најискусен во делот на меѓународната политика, безбедносната полтиика.

Тој беше дел од зачленувањето во НАТО, од преговорите со ЕУ, јас би ги охрабрил сите други кандидати да излезат на дебата со Османи – додаде Бектеши.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Со Балансерот имаше застапеност, со ВРЕДИ има маргинализација

ВИДЕО: Отпуштените службеници од ДУИ имале и кревети во канцеларијата, објави Стоилковиќ

Мицкоски: ДУИ треба да им се извини на граѓаните Албанци што нивната влада побара да се избрише Балансерот

Горан Наумовски

ДУИ обвинува: Политички притисок преку отпуштања во Министерството за односи меѓу заедниците

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски

Османи: Законот за правична застапеност не треба да помине

А1он