Анима Мунди: Терор, насилство врз животните и смрт на Вевчанскиот карневал!

Од:

„Згрозени сме од фотографиите и информациите добиени за Вевчанскиот карневал, кои без дилема покажуваат дека за време на истиот се овозможил садизам и толерирало насилство врз животните!

Најостро го осудуваме злоупотребата , мачењето на животните кое се случи на улиците на Вевчани, за кое ни сведочат бројни потресени граѓани и приложуваат слики. Сликите и коментарите кои пристигнуваат на нашата страница говорат сами!

10690256_855346734521566_3335985786169908337_n

Кокошки наденати на вили, живи преплашени кокошки врзани за екстремитетите и фрлани во воздух како да се топки а не живи битија; обезглавена живина; труп на убиено куче заврзано за екстремитетите како плен, влечкано и мавано од толпата за да се прикаже пагански ритуал; живо куче со заврзани очи влечено (приморувано) да оди во толпата народ, иако од превезот не гледа ништо и јасно покажува паника, стрес и уринира од страв; натоварени магариња, коњи приморувани да одат во толпата, тепани доколку не сакаат да продолжат; обезглавени зајаци!

10801864_855346634521576_945851559978164074_n

Шокирани сме што наместо уметност, досетливост, хумор и сатира, Вевчани овозможи и истолерира насилство, страв и крв, безумие! Уметноста која секоја година ја прикажува најстариот карневал во нашата држава со кој без исклучок сите се гордеевме е засенета, засенета е бидејќи газеше по животи, бидејќи ја обезвредни слободата на животните и нивните права загарантирани и со закон! Ова не е здрав хумор и ова не го прават здрави луѓе туку девијантни лица –со тоа карневалот не прикажа како дивјаци и насилници кои не се користат со уметност и маски туку во недостиг од имагинација посегаат по животи, стојат инертни пред стравот, болката на животните, смртта на животните, се подсмеваат!

10857866_855346837854889_3389091004394797507_n

ДA СЕ ОСУДАТ ЈАВНО ОД СТРАНА НА ОРГАНИЗАТОРИТЕ И КАЗНАТ ОНИЕ КОИ ГИ МАЧЕА ЖИВОТНИТЕ НА ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ!

Ние, Анима Мунди заедно со здруженијата Анималиа (Охрид); Гласот за животните (Велес); Animal world (Струга); Втора шанса (Кочани); Мали херои (Битола); Фауна (Куманово) се обраќаме до организаторите на Вевчанскиот карневал, Министерството за култура, министерката Елизабета Канческа-Милевска, општина Вевчани, градоначалникот Цветомир Угриноски и бараме да јавно го осудат насилството врз животните кое непречено се случуваше за време на карневалот во Вевчани – да се оградат и осудат истото како манифестација, зошто во спротивно ќе бидат соучесници.

10917092_855347031188203_2496084861204432304_n

Овие фотографии ги доставуваме и до Агенцијата за храна и ветеринарство , директорот Зоран Поповски и Секторот за заштита на благосостојбата на животните, со барање итно да се постапи согласно Законот за заштита и благосостојба на животните а кој вели дека е забрането предизвикување на болка, патење или повреди , сурово или нехумано однесување – бараме да ги откријат поединците кои стојат зад овие злодела и најстрого и без исклучок да ги казнат“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов