„Анима Мунди“: Спасени се три мали волкчиња

Од:

“Среќата не може да се опише кога ќе се спаси живот, особено кога исходот на постапките е неизвесен до самиот крај и не зависи само од нас. Уште повеќе затоа што станува збор за животот на диви животни, кои во Македонија се третираат како закана, опасност, нешто што смее /се поттикнува да се убие“, велат од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“, информирајќи дека по нивна пријава, а со помош на Државниот инспекторат за ловство спасени се три младенчиња волци.

Малите волкчиња претходно биле најдени сами на нива, а пронаоѓачот апелирал до здружението кое поднело пријава. Инспекторатот ги одзел од лицето кое ги пронашло. Сега, како што велат од „Анима Мунди“, трите волкчиња се на сигурно.

„Пред сè благодарност до инспекторите Зоран Вуиќ, Петар Џима и Ромео Саздановски како и на граѓаните кои ни го пријавија овој случај, давајќи ни доволен број конкретни информации за да може да постапиме. Потврдуваме дека волчињата се на сигурно. Волкот е богатство на нашите шуми и планини, совршенство на природата, интелигентно, храбро, верно животно кое гради силни социјални врски (живот го минува најчесто во моногамна врска со еден партнер, се грижи и до две години за своите младенчиња) и не е никаков штетник! Бараме итно да се укине таквиот срамен статус кој го има во Македонија, со кој како вид го доведовме до раб на истребување.
Штетници не се волците туку оние кои ги гонат, деградираат нивните живеалишта, им упаѓаат во животната и природна територија наоружани до заби и кои ги убиваат или одземаат нивните младенчиња од забава и за профит“, велат од „Анима Мунди“.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов