Анима Мунди: Самоволието на Вардариште нема граници – упорна хајка по веќе третирани кучиња!

Од:

Само 2 дена по најавата на голема меѓународна иницијатива за затварање на Вардариште, и информацијата за тоа дека претставници од Европскиот Парламент жестоко реагираат за нехуманоста на која се изложени бездомните кучиња и бараат мониторинг, санкции врз Македонија и нејзиниот влез во ЕУ, Вардариште повторно практикува насилство и самоволие и лови веќе третирани, обележани со маркица кучиња, велат од здружението Анима Мунди.

Видете ги овие фотографии – и двете се кучиња со маркици, мирни маалски миленици, заловени вчера на пладне во Кисела Вода. На истата локација се заловени уште многу други иако граѓаните молеле да не се заловуваат. Прашуваме чии желби и наредби се исполнуваат што овие кучиња се фатени, кој наредил да ги снема?

Да дрскоста биде поголема, денес повеќе граѓани биле да ги бараат во стационар, не им е дозволено. Полнолетни граѓани не биле пуштени ни да влезат. Кажано им е од стационарот дека нема веќе надвор за заловените кучиња. Биле грубо одвратени од институцијата која ја финансираат преку уплата на даноци, плаќаат да функционира од сопствен џеб! До кога ова самоволие?

Почитувани новинари погледнете ги кучињата кои ако не се извадат, ке бидат убиени, прочитајте ги и коментарите на граѓаните за Вардариште (прилози) . Бараме итно Агенцијата за храна и ветерина, директорот Зоран Поповски да интервенира, зошто ни е доста од ваквото молчење. Бараме Коце Трајановски веднаш да го затвори Вардариште. Доста ни е молк од одговорните страни, нивна е одговорноста за Вардариште и јавно ги повикуваме стационаров да се затвори!

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

Орце Костов