Здружението за заштита на живтони „Анима Мунди“ денеска потпиша Меморандум за соработка со општина Велес.
Со Меморандумот општината и здружението го официјализира партнерството, но воедно го означија и стартот на проектот во доменот на комуналната зоохигиена, урбаната хигиена, колективната здравствена заштита на луѓето и животните, како и подобрувањето на имиџот на местото на живеење кој ќе опфати вкупно 10 општини.
– Предвидуваме публикација на прирачник „Препораки за чување животни домашни миленици во населени места согласно Законите на РМ, укажување на опасностите од расфрлање отрови во урбана средина, поставување одреден број информативни табли и канти за измет од миленици на териториите на општината, едукативен штанд за промоција на граѓанските права и одговорности во рамки на одговорното чување миленик на територијата на општината партнер, голема акција за вдомување миленици како хумана алтернатива, наместо купување, соопшти „Анима Мунди“.
„Анима Мунди“, како што информира, заедно со локалното велешко здружение „Глас на животните“ ќе ја интензивира соработката со градот за одговорно сопствеништво и вдомување миленици наместо купување, како и за задолжителна стерилизација и вакцинација.