Анѓушев: Национализмот да се остави на страна

Од:

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и српскиот вицепремиер за трговија Расим Љаиќ денеска од Белград на Самитот 100 испратија порака дека треба настрана да се остават историјата и национализамот и да се поврземе економски меѓусебно, а потоа и глобално.

На панелот, што се одржа во рамки на Самитот 100, двајцата вицепремиери говореа за историјата, национализмот и прагматизмот во економијата.

– Сите ние во регионот премногу сакаме поединечно да се врземе за Брисел, но многу поумно ќе ни е доколку почнеме да се врзуваме меѓусебно и така поврзани полесно да се врзаме за Брисел, со што на Брисел ќе му правиме помалку проблеми. Историјата покажа дека ова е можно, рече вицепремиерот Анѓушев.

Во тој контекст говореше и Расим Љаиќ, кој истакна дека од политички причини не можеме оптимистички да гледаме на она што следи, ако не направиме промена на парадигмата.

– Ние мора да се определиме дали сме за национализам или за прагматизам. Србија во 90-тите години одбра национализам и видовме каде тоа заврши, рече Љаиќ и додаде дека на политичко ниво едни со други повеќе се доживуваме како конкуренти, отколку како партнери.

Би можело да ве интересира

Анѓушев: Работам согласно Уставот и законите

Ана Ололовска

Антикорупциска: Нема одговорност кај Анѓушев за хидроцентралата „Тополки“

Мери Јордановска

Анѓушев: Презедов обврска еден мандат да помогнам колку што можам

Ана Ололовска

Шекеринска и Анѓушев со најмногу вработени во кабинетите, кај Спасовски најскапо платени

Галена Николовска-Ризвановиќ

ВИДЕО: Заев и Анѓушев во обиколка на системот за водоснабдување на Гевгелија

Ана Ололовска

Анѓушев: Има две решенија за „Еурокомпозит“

Мери Јордановска