Ангеловска: Не е точно дека сум ги повлекла моите средства од „Еуростандард банка“

Од:

Министерката за финансии Нина Ангеловска ги демантираше информациите кои се пласираа во врска со повлекување на нејзините средства од „Еуростандард банка“, која е ставена во стечај, нагласувајќи дека не е точна ни сумата која се наведува во текстовите.

„Уште од минатата година преку половина од тие депозити се инвестирани во инвестициски фонд. Единствено што е точно во досега пласираните информации е дека сум имала депозит во „Евростандард банка“, истакна Ангеловска.

Таа посочи дека целосно е неточна информацијата дека нејзините средства ги префрлила во други банки или дека ги повлекла.

„Вистината е дека пред стапување на функцијата – Министер за финансии – овие мои лични средства, заработени пред да станам министер и уредно пријавени, беа наменети за бизнис инвестиции, а по стапувањето на функцијата, откако моите деловни активности ги ставив во втор план, дел од овие средства одлучив да ги искористам да го решам станбеното прашање, односно да купам сопствен стан со оглед на тоа што живеев под кирија“, образложи министерката.

Таа потсети дека во периодот кога го купила споменатиот стан, исто така во јавноста биле пласирани тендендциозни и неточни информации дека наводно не го пријавила станот во Антикорупциска комисија, што, како што истакна, не е точно.

„Истиот беше уредно пријавен, согласно законските прописи и рокови, што беше потврдено и од страна на Антикорупциската комисија“, наведе министерката.

Таа потенцираше дека Министерството за финансии нема надлежности над основањето и работењето на банките, ниту дава, ниту одзема дозвола за работење на банка. Единствено Народната банка, како независно регулаторно и супервизорско тело, има надлежност во доменот на работењето на банките што значи надзорот, супервизијата, изрекувањето мерки, издавањето и одземање дозволи за банките ги врши исклучиво и самостојно Народната банка.

„Сакам да нагласам дека пласирањето на неточни и тенденциозни информации во јавноста, го оценувам како обид за дефокусирање на јавноста, преку мое дискредитирање и нарушување на мојот углед. Цврсто сум убедена дека и овојпат јавноста ќе ги препознае фактите, пред лажните вести што се пласираат со цел да се креира погрешна перцепција“, заклучи Ангеловска.

Би можело да ве интересира

За две години Финансиската полиција испратила 15 известувања со утврден криминал до Обвинителството за „Еуростандард“

Маја Илиевска-Пачемска

Судскиот совет постапува по предметот со штедачите на Еуростандард банка

Ана Ололовска

Апелациски суд: Постапено е согласно законот по жалбата на оштетените штедачи на Еуростандард банка

Ана Ололовска

Уставeн го укина членот од Законот за банки со кој Фондот за депозити има предност за наплата од стечајна маса

Оштетени штедачи од Еуростандард банка: Уставниот суд веднаш да ја достави одлуката за оценка на уставноста до Собранието или Владата

„Правда за штедачи“ поднесе барање за оставка на ДКСК, Ивановска им порача дека сочувствува со штедачите

Ана Ололовска