Ангеловска: 300.000 платежни картички издадени до 25 јули

Од:

Министерката за финансии Нина Ангеловска на Фејсбук објави дека заклучно со 25 јули се издадени над 300.000 домашни платежни картички.

– Сите приговори се обработени. Од 46.000 приговори – 9.200 се прифатени, од кои – 5.800 млади лица од 16 до 29 години, 700 невработени лица со низок доход и околу 2.700 вработени лица со низок доход. Картичките и за овие граѓани се испечатени и се издаваат, наведува Ангеловска во објавата.

Таа нагласува дека да се осмисли, дизајнира и имплементира една мерка како домашна платежна картичка било голем предизвик.

– Прва мерка со нов начин на имплементација – без бирократија, без шалтери и аплицирање. Координација со голем број на вклучени државни институции + банки. Исклучително краток период. Оптимално дизајнирање за да даде максимални ефекти со фокус на македонските производи и услуги, додава Ангеловска.

Министерката за финансии потенцира дека покрај главната цел на мерката – да се амротизира ударот врз економијата преку стимулирање на приватната потрошувачка, картичката дава и други значајни ефекти на патот кон современо опшество.

– Помош на граѓаните кои преку поголемата потрошувачка на македонски производи и услуги го помагаат стопанството и економијата. Кревање на свеста за домашното. Зголемување на безготовинските плаќања кои се директно поврзани со неформалната економија. Промена на навиките. Подобрување на квалитетот на дата-базите на институциите. Се работи за многу обемна мерка, која од нејзино конципирање до реализација се спроведе во навистина многу краток рок – односно од носењето на уредбата до издавањето на првата картичка поминаа само 2 недели, нагласува министерката Ангеловска во објавата на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Тетовец скоро цела година тајно трошел од картичката на сопругата, сега може да оди во затвор

Жарко Настоски

Левица бара собраниска седница за пратенички прашања со задолжително присуство на Нина Ангеловска

Жарко Настоски

ДКСК: Кај Ангеловска нема кривична одговорност, но потребно е доуредување на категоријата судир на интереси во сите прописи

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја издаде Нина Ангеловска, владата знаела за случајот Еуростандард банка

Жарко Настоски

Антикорупциска ќе испитува дали има судир на интереси кај министерката Ангеловска

Ана Ололовска

Ангеловска: Не е точно дека сум ги повлекла моите средства од „Еуростандард банка“

А1он