Анализите ќе покажат колкава ќе биде казната за фирмата која е виновна за хаваријата во реката Брегалница

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со заменик министерот за локална самоуправа и просторно планирање, Јани Макрадули беа на увид по течението на река Брегалница.

„Јас сум на страната на правдата и мора оваа работа да ја истераме до крај со цел да излезе вистината на виделина. За среќа бунарите на Општина Штип за водата за пиење се безбедни бидејќи се на повисоко ниво и не се допрени од страна на таа материја. Во наредните денови ќе се вршат анализи од водата за пиење од чистата вода којашто е излезена од филтер станицата во Штип и секако сировата вода којашто е пред влезот во филтер станицата и од водата во градскиот водовод. Центарот за јавно здравје и ЈП „Исар“ ги прават анализите и досега немаме анализа што покажува вода со полоши квалитети од тоа што била претходно. Тоа е добрата вест којашто сакаме да ја знаат граѓаните. Дополнително материјата којашто е истечена е само транзитно помината низ реката и првите анализи покажаа дека нема никакви оштетувања на животинскиот и растителниот свет“, истакна градоначалникот Бочварски.

Заменик министерот Макрадули истакна дека државниот инспекторат и локалната самоуправа одговорија брзо и експресно за решавање на овој проблем.

„Државниот инспекторат донесе една првична казна, а кога ќе се добијат анализите од лабораторијата кога ќе се состави досието тогаш ќе се донесе конечната одлука за висината на казната“, истакна Макрадули.

Би можело да ве интересира

Во штипско Ново Село панихида за Тодор Александров, се одбележаа 102 години од неговото убиство

Штип е без вода, филтер станицата e исклучена поради екстремна заматеност од синоќешното невреме

Горан Наумовски

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Клековски: Формирана e комисија за надзор над случајот со родилката од Штип, ќе се вклучат двајца странски стручњаци

Горан Наумовски

38-годишен штипјанец почина во својот дом

Горан Наумовски

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници