Анализа: Медиумите во изборната кампања во 2020 година покажаа тежнеење за промоција на мажите

Од:

Медиумското покривање на изборната кампања за предвремените парламентарни избори во 2020 година покажа забележително тежнеење кон промоција на мажите – кандидати за пратеници и машкиот поглед за случувањата околу изборите во однос на жените. Ова е еден од заклучоците на анализата за претставување на жените и мажите во вестите на националните телевизии, во изборната кампања минатата година, подготвена од Институтот за демократија „Социетас цивилис“, презентирана на денешниот јавен состанок на АВУМ.

Во анализата биле опфатени 2056 медиумски содржини презентирани на МРТ1, МРТ2, Алсат-М, Алфа, Канал 5, Сител и Телма.

– Кандидатките беа ставени во сенка на своите колеги мажи, имаа помалку пристап до различните форми на промоција на нивните платформи и нивните профили и пораки остануваа анонимни, односно нечуени и невидени од јавноста. Во прилозите за изборната кампања, од вкупно 134 претставници на политички партии, 128 беа мажи, наспроти шест жени. Во дневно информативните емисии на изборни теми, како примарни субјекти се појавуваа 86 отсто мажи, наспроти 14 проценти жени, истакна Александра Јововска Ѓорѓевиќ од Институтот а демократија „Социетас цивилис“.

Таа посочи дека еден од проблемите за дисбалансот на претствувањето на мажите и жените е и тој што во медиумите доминираат мажите како уредници во медиумите.

– Медиумското претставување на жените и мажите е една клучна алатка во постигнувањето на родовата еднкавост и рамноправност во општеството. Програмата која медиумите и ја нудат на јавноста треба да биде родово балансирана, односно да има избалансиран број на жени и мажи во прилозите, покажувајќи ги сите ликови и нивните експертизи како еднакво релевантни и осудувајќи ги сите форми на родова дискриминација и стереотипизација, заклучи Јововска Ѓорѓевиќ.

Таа нагласи дека избалансираната родова застапеност на сите позиции во медиумските куќи, ги зголемува шансите медиумските содржини да тежнеат кон реална и правична застапеност на жените и мажите во прилозите и емисиите.

Јововска Ѓорѓевиќ посочи дека во 2015 година бил реализиран проект, кој опфатил 108 држави во светот и кој го потврдил заклучокот дека медиумите ја пренесуваат машката верзија на општеството.

– Исклучувањето на жените од медиумскиот простор е навистина загрижувачки, потенцира Јововска Ѓорѓевиќ.

Таа посочи дека жените во медиумите главно се претставени како мајки и домаќинки. Само мал дел од прилозите во медиумите се поврзани со родовата еднаквост, покажала анализата.

– Интересен податок е тоа што во 29 отсто од прилозите во вестите подготвени од новинарки, соговорници се жени, додека тој процент кај мажите е 26. Ова значи дека е потребно родово сензибилизирање како на новинарите, така и на новинарките при подготвувањето на нивните медиумски прилози, истакна Јововска Ѓорѓевиќ.

Таа изрази жалење што само три прилози на медиумите биле посветени на родовата нееднаквост. – Родовите прашања се наоѓаат на маргините на кампањите на партиите, додаде таа.

Нивната застапеност во медиумската промоција на политичките програми беше занемарена, додека и онаму каде што се спомнуваше, беше доста генерализирана, без да се конкретизира во механизмите и алатките за нејзино постигнување, заклучи Јововска Ѓорѓевиќ.

Анализата на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ ќе биде целосно објавена на интернет страницата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Би можело да ве интересира

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски