Американската амбасада се согласува со Хан и Столтенберг за формирање на нова влада

Од:

Амбасадата на САД во Скопје порача дека треба да се почитуваат демократските процеси и институции.

„Се согласуваме со ставовите на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и на еврокомесарот за проширување и за добрососедство, Јоханес Хан, за формирањето влада. Сите партии треба да ги почитуваат демократските процеси и институции и да се фокусираат на нивната заедничка заложба – да се спроведат клучните реформи. Само на тој начин Македонија ќе напреднува во своите стратешки цели за членство во НАТО и во Европската Унија, нешто што САД одамна го поддржуваат. Тоа е во согласност со нашите претходни изјави и со изјавата на амбасадорот (Џес) Бејли дадена во интервјуто на „Сител“ на 18 февруари“, велат од Амбасадата на САД на прашање на „Мета“, како ги коментираат изјавите на Столтенберг и на Хан.

Столтенберг вчера изјави дека очекува да се додели мандатот за формирање влада и ги повика сите страни на воздржаност во изјавите и во дејствата и да донесуваат одлуки во корист на граѓаните.

Со сличен став излезе и еврокомесарот Хан. Тој рече дека очекува претседателот да го даде мандатот за формирање нова влада и додаде дека промените во демократските општества се природни и треба да бидат прифатени, кога се резултат на веродостојни избори.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема место за шеријатот во САД

Техеран го обвини Вашингтон за „економски тероризам“ и побара реакција од ОН

САД го губат вселенскиот примат, Русија и Кина сè поблиску во новата трка

Горан Наумовски

Иран и Оман постигнаа договор за Ормутскиот теснец, и покрај противењето на САД

Нетанјаху: Трамп предложи „опсада“ на Иран наместо нова војна

Техеран е подготвен за преговори со Вашингтон, но бара враќање на јунскиот договор