На твитер профилот на американскиот амбасадор, Џес Бејли, денеска е објавен текст, во кој се нагласува важноста од исполнувањето на обврските од договорот во Пржино.
Исто така се нагласува дека е неопходно сите партии да учестваат во подготовка на престојните предвремени парламентарни избори.
„Имплементацијата на договорот од Пржино е од особена важност за продлабочување на евро-атлантските интеграции на Македонија, нешто што САД силно го поддржуваат. Во тој процес мошне важен чекор е оставката на премиерот. Исто така потребни се и веродостојни избори. Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме подготовките за изборите, особено работата на ДИК, како и реформите во медиумскиот простор. Времето е кратко. Повикуваме сите партии и организации да учествуваат на изборите, тоа е најдобриот начин да се подобрат институциите и да се осигура кредибилен процес. САД ќе го набљудуваат напредокот на овој процес и ќе прави сопствени проценки, како и ЕУ, ОБСЕ и останатите тела“, пишува на својот твитер профил, амбасадорот Бејли.