Амбасадорката на Босна и Херцеговина во Кавадарци

Од:

Амбасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ денеска се сретна со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Најавија побратимување на Кавадарци со Требиње, а таа соработка, како што рекоа, ќе резултира и со економска соработка на двата града. Побратимувањето ќе започне со поврзување меѓу две големи винарии, „Тиквеш“ од Кавадарци и „Вукоја“ од Требиње.

– Имавме корисна средба и разговаравме за повеќе можни идни заеднички проекти, особено од сферата на винарството, како и заеднички настап на трети пазари, нагласи Бабиќ.

Јанчев информираше дека разговарале за политичката и економската состојба и за меѓусебната соработка помеѓу двете држави. Се со цел, како што нагласи, севкупен економски развој.

Би можело да ве интересира

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен

Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Пламнаа два нови пожари во Општина Кавадарци

Горан Наумовски

Реактивиран e пожарот во кавадаречко, два „ер трактори“ ангажирани во неговото гаснење