Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО како државна тајна

Од:

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не ги споделува со јавноста амандманите кои вчера доцна во 20.19 часот беа испратени до министерката за правда, Рената Дескоска, пред за тоа да разговараат работните групи.

Партискиот портпарол Наум Стоилковски за „А1он“ рече дека за тоа треба да праша, па дополнително ќе соопшти. Но, по два часа одговор не стигна. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, пак, на прашање на „А1он“ зошто не се јавно објавени 65 амандмани на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека тоа било на барање на министерката за правда, Рената Дескоска.

Дескоска, пак, за „А1он“ рече дека тоа не точно и дека нема зошто таа да бара тајност на амандманите на ВМРО-ДПМНЕ. Потврди дека во 20.19 часот на нејзиниот меил, додека траел ТВ дуелот меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски, стигнале амандманите. Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека амандманите ги испратиле во 16 часот.

Пратеникот Милошоски, пак, за „А1он“ наброја некои од амандманите на ВМРО-ДПМНЕ. Едниот од нив, како што рече, се однесува на еднаквост и рамноправност на обвинителите во конкурирањето за одредени позиции во обвинителствата.

„Во државното јавно обвинителство да има буџетска рамноправност“, рече Милошоски.

Пратеникот објасни дека еден од амандманите се однесува на почитување на уставниот принцип за хиерархија и субординација.

„Со посотјниот предлог СЈО го нарушува принципот на субординација. СЈО со можноста да одлучува самото за предметите е повластено“, рече Милошоски.

За утре попладне во Министерството за правда е закажана трета средба на работните групи, кои овојпат, треба да расправаат по конкретните амандмани кои ги поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи