Алтернатива: Комуницираме со „Огнената група“

Од:

Имаме комуникација со т.н. „Огнена група“ на ДУИ, но не и со Движењето Беса, информира на денешната прес-конференција во партиското седиште, генералниот секретар на Алтернатива, Зеќирја Ибраими.

– Со т.н. „Огнена група“ сме имале комуникација. Со Беса уште немаме комуникација. Но, тоа се работи кои допрва ќе треба да се видат, рече Ибраими.

На новинарско прашање околу условувањето од страна на Алтернатива на уставните измени за внесување на Бугарите во Преамбулата, Ибраими рече дека партиското барање за усвојување на амандман за борба против корупцијата, не претставува условување или уцена.

– Ако е условување и уцена вметнувањето на амандманот за борба против корупцијата, тогаш јас не го разбирам зборот уценување, рече Ибраими.

Би можело да ве интересира

Алтернатива: ДУИ креира лажни вести, Гаши ќе присуствува на Самитот на НАТО

Катерина Ѓуровски

Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања

„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт

Предраг Петровиќ

Ќе се почувствува молњата што доаѓа: Алтернатива, Беса и Демократско движење од следната недела официјално

Талат Џафери, ДУИ и Алијанса го спасуваат Љубомир Јовески од интерпелација тврди албанската опозиција

Катерина Ѓуровски

Алити: И кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството

Предраг Петровиќ