Алити: И кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството

Од:

Адмирим Алити, потпретседател на Алтернатива во името на албанската опозиција составена од политичките партии – Демократско движење, Алтернатива и Движењето Беса на денешната прес-конференција пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, истакна дека ги поддржуваат ставовите на Унијата оти е злоупотребувано европското знаменце при носењето на Кривичниот законик.

-Веќе не е потребно да коментираме и да објаснуваме за да можеме да констатираме кој ја злоупотребува „Европа“. Тука е евроамбасадорот кој изјавува дека Европската комисија реагирала за користење на знамето на ЕУ за измените во Кривичниот законик и дека ЕУ тоа го смета за несоодветно објаснувајќи дека тоа е прашање за кое треба да се дискутира, особено што овие измени претставуваат опасност за правната држава бидејќи го отвораат патот за пораст на неказнивоста. Меѓутоа, како против одговор за Брисел е изјавата на Али Ахмети од пред неколку дена дека „и Брисел и Вашингтон кога ќе влезат во подлабока анализа ќе ги разберат причините. Ние сме во процес на скрининг и промените во правдата се приоритет“. Овој негов одговор не само што ја навредува интелигенцијата на граѓаните и Европската комисија, туку открива и злоупотребата станала подмет на оваа тема, рече Алити.

Тој потенцира дека воопшто не се изненадени од фактот што е злоупотребувано европското знаме, бидејќи, како што рече, веќе се навикнати да се злоупотребуваат знамињата во остварување на нивните цели.

Алити истакна потенцира дека и кога ЕУ реагира негативно на измените на Кривичниот законик, власта манипулира со образложение дека се неопходни за реформите во правосудството.

-Тоа се случува со децении. Така го злоупотребија и албанското знаме за да манипулираат со Албанците дека се борат за нивниот интерес, како што беше и манипулацијата со идејата на албанскиот премиер, за сега да изјавуваат дека времето на патриотизмот е завршено, а при тоа да прејдат на измените во Кривичниот законик со образложение дека тоа е неопходно за реформите во правосудството и тоа е она што ЕУ го побара од нас, рече тој.

И сега кога дури и ЕУ реагира негативно на оваа измена, додаде тој, тие повторно излегуваат да манипулираат со оправдувањето „не грижете се, бидејќи ЕУ и САД не са сфатиле причината на таа измена ви кривичниот законик и не знаат колку е важна оваа измена“.

Би можело да ве интересира

„Европски сојуз за промени“ е името на коалицијата на опозицискиот албански фронт

Предраг Петровиќ

Ќе се почувствува молњата што доаѓа: Алтернатива, Беса и Демократско движење од следната недела официјално

Талат Џафери, ДУИ и Алијанса го спасуваат Љубомир Јовески од интерпелација тврди албанската опозиција

Катерина Ѓуровски

Алтернатива: Оној што верува дека Албанец ќе ја отпее македонска химна има сериозни проблеми со реалноста

Орце Костов

Меџити, Касами и Гаши на средба за да ги дружат силите

Алтернатива: „Кралот е гол“, да се истражат индициите за корупција на семејството Ахмети