ВИДЕО: Алијансата на Албанците, БЕСА и НДМ поднесоа приговори до ДИК за вториот круг од локалните избори

Од:

Алијансата на Албанците, БЕСА и НДМ поднесоа приговори до Државната изборна комисија (ДИК) за вториот круг од локалните избори што се одржаа во неделата.

Според информациите од ДИК, во рокот кој истече во два часот по полноќ, Алијансата на Албанците поднесе 13 приговори за Струга, Беса поднесе вкупно 89 приговори од кои 86 заедно со Алијансата на Албанците за Чаир и три за Тетово.

Еден приговор има поднесено и партијата НДМ за гласањето во Чашка.

ДИК, по приемот на приговорите е должна во рок од 48 часа да донесе одлука по нив.

Против одлуката на ДИК, подносителот на листата може да поднесе тужба до Управниот суд во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Одлуките на Управниот суд се конечни.

Би можело да ве интересира

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања