Алијанса за Албанците по бегството на Војминовски: Македонија станува земја на чуда, тука има сé освен правда

Од:

„Дека Македонија станува земја на чуда и дека тука има сé освен правда и владеење на правна држава, говори и бегањето на едниот од напаѓачите на лидерот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, осуден на 13 години затвор за убиство во обид, Никола Војминовски, кој иако осуден за тешко кривично дело му се дозволи да остане во домашен притвор, наводно поради здравствени причини, каде што државните институции и МВР потклекнуваат пред криминалците и корумпираните!

Овие бегства, координирани и поддржани од страна на власта СДСМ-ДУИ со помош на МВР и политизираните судови, по Законот за амнестија и бегството на Груевски, ја убиваат и последната надеж во Македонија, дека некогаш ќе може да се врати правдата, и дека криминалот во Македонија не се санкционира, туку честопати се охрабрувана, па дури и се наградува.

Празните оправдувања на државните челници кои често се обидуваат да ја префрлат одговорноста еднаш во судовите другпат кај Обвинителството или Министерството за внатрешни работи, станале секојдневен рефрен на СДСМ-ДУИ, и се неоправдливи за граѓаните и за АА.

Оваа власт која дозволува бегство на криминалец осуден на 13 години затвор за убиство во обид, не може да ја заштити слободата на никого, бидејќи криминалот и корупцијата длабоко метастазирале во политичкиот менталитет на сите влади, па и на сегашната.

Неодамнешното бегство на Никола Војминовски и амнестијата на другите осуденици за 27 април, покажува дека затворите се изградени само за албанците, и осудените македонци или треба да избегаат или да се амнестираат, бидејќи таква била постојаната традиција на правосудниот систем во Македонија, секогаш со два стандарда, еден за Македонците и друг за Албанците.

Упатуваме последен повик до Владата на РМ, Министерство за внатрешни работи, судовите и обвинителството, да ја вршат својата работа во согласност со законот, да ги санкционираат сторителите на кривични дела, во спротивно ќе се сметаат како соработници во криминалот и ќе сносат морална и кривична одговорност“ се вели во соопштението на АЛијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

Основен суд Тетово потврди дека има решение со кое се именува Зијадин Села за претседател на Алијанса за Албанците

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој