Алијанса за Албанците ја поздрави одлуката на Стејт департментот за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Од:

Струшкиот огранок на Алијансата за Албанците ја поздрави одлуката на Стејт департментот на САД со која градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко и членовите на неговото семејство се прогласени за „персона нон грата“ во САД.

-Со оваа Одлука на Државниот Департмент на САД, се потврдуваат како вистинити сите досегашни наши јавни претставки и реакции во континуитет на АА – Огранок во Струга, а кои се однесуваа на значителната корупција, мешање во судски постапки и други јавни постапки, проневерување на јавни средства, предизвикувајќи штета на довербата на јавноста во демократските државни институции и функционери, беше истакнато во денешната изјава дадена по повод одлуката на САД.

Според Алијансата на Албанците, она што за 20 години не го направило Обвинителството, Судството и другите надлежни органи за борба против корупцијата, го направиле САД, што според нив, е „силна шлаканица на сите оние и другите органи на прогонот кои имаат обврска да овозможат функционирање на владеењето на правото, а кои веќе потфрлија во борбата против корупцијата, за што мораат да сносат и одговорност“.

Како што треба да одговара и Градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко со неговата сега политичко-криминална група, која час поскоро треба да ја ослободи фотелјата, за Струга и стружаните да излезат од заложничката ситуација, и да работат напорно за својата иднина и нивните деца, истакнуваат од Алијансата.

На Мерко му порачуваат да го остави го личното его, да ја разбере одговорноста на моментот, да ја напушти функцијата и да ја ослободи Струга од обвиненија што не ги заслужува.

„Одлуката на Државниот Департамент на САД, отвора нова страница за политиката и општата ситуација во Општина Струга, со што Струга денеска и во иднина прва ќе биде пример во овој век и ќе потврди дека заврши ерата на силните, ерата на семоќните, а заврши и ерата на недопирливите и неказнетите, бидејќи сите еден ден ќе мора да дадат отчет пред органите на правдата, ако не пред институционалното судство – дефинитивно пред судот на народот“, ден што според Алијансата е многу блиску.

Огранокот на АА во Струга тргнувајќи од сериозноста на причините и високиот степен на кривичните дела за кое е донесено одлуката на Државниот департамент на САД, бара од надлежните органи да го вратат изгубеното достоинство на нивното работење, да отворат релевантен предмет и со наведените обвинувања да се постапи во судска постапка за да се донесе заслужената законска одлука.

Би можело да ве интересира

Одложено рочиштето против Мерко за набавката на аудито од 67 илјади евра

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Обвинение против Мерко, неправилно поставил директор на училиште

Катерина Ѓуровски

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?