Алијанса за Албанците и Алтернатива: На Висар Ганиу му подаруваме вреќа цемент

Од:

Во духот на новата еколошка агенда објавена од Демократската унија за зеленило, сакаме да му помогнеме на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, во неговите заложби за уредување на зелените површини во нашиот Чаир. Како што веќе знаете, Чаир е најдобрата општина во Северна Македонија во поглед на зелените површини и затоа е номинирана за престижната меѓународна награда на ООН за „најзелена општина во светот“ рекоа на прес конференција од Коалицијата Алијанска за Албанците и Алтернатива.

„Како градоначалник кој за четири години успеа да го озелени секој агол од нашиот Чаир, да го елиминира вишокот бетон и да се бори против бетонирањето на Чаир, ние имаме обврска да му се заблагодариме и како благодарност да му подариме една вреќа цемент, со цел да изгради неколку бетонски пешачки патеки околу парковите и цвеќињата што ги има засадено во Чаир“ – велат од Коалицијата.

По освојувањето на наградата „Најзелена општина на светот“, сигурни сме велат од коалицијата дека Висар Ганиу ќе биде поканет да раководи со Копенхаген, за да ги научи и Данците како се градат зелени општини.

Би можело да ве интересира

Арсовска: Висар Ганиу фатен со криминално легализирање дивоградби со фалсификат

А1он

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

Обвинителството отвори истрага за шесткатницата дивоградба во Чаир

Катерина Ѓуровски

Градоначалничката Арсовска во ОЈО донесе докази за легализираните дивоградби во Чаир

Горан Наумовски

Ганиу да добие кривична или грант од Фонд за иновации за патување во времето, Арсовска повторно го прозва градоначалникот на Чаир

Катерина Ѓуровски