Алијанса се приклучи кон промените, останатиот дел е ДУИ во проблеми – Таравари пред собирот во Куманово

Од:

Продолжуваат тензиите во Алијансата за Албанците кои кулминираа по објавата на лидерот на партијата Арбен Таравари дека на изборите ќе се приклучат кон албанскиот опозициски блок. Од друга страна поранешниот партиски челник Зијадин Села и дел од раководството и од пратениците на АА, сметаат дека партијата треба самостојно да настапи на изборите и го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

Таравари доби поддршка од министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу, по што крилото на Села во кое е и министерот за правда Кренар Лога побара нивна смена и за нови министри во техничката Влада ги предложи Илир Демири и Наим Бајрами.

Таравари за денеска во Куманово закажа консултативна средба со членовите на Собранието на партијата.

– Во 19 часот во Куманово ќе одржам консултативен состанок со делегатите на Собранието на партијата, потврди Таравари.

Преку официјалниот мејл на Алијанса за Албанците, зад кое стои крилото на Села кој е претседавач на Собранието, пак, беше соопштено дека ова партиско тело, согласно статутот на партијата, е закажано за в сабота во Буши ресорт во 13 часот, а не во Куманово.

Кадровската комисија на АА завчера побара од техничкиот премиер Талат Џафери разрешување на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и министерот за здравство Фатмир Меџити, поради, како што наведоа, нивното користење на моќта на министерската функција, но без партиска позиција, за да спроведуваат дејствија кои се во спротивност со етичкиот кодекс, вклучително и уцени и притисоци врз членовите на АА и вработените, како и јавно кокетирање со ВМРО-ДПМНЕ.

Алиу и Меџити, во вторникот вечерта на прес-конференција пред Владата, изјавија дека немаат намера да поднесат оставка и дека според нив партијата е единствена, има легитимни органи и легитимен претседател.

Следуваше партиско соопштение во кое беше истакнато дека Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучило за нов министер за здравство да го прдложи Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово, а за министер за информатичко општество и администрација Наим Бајрами, магистер по политички науки.

Би можело да ве интересира

Таравари: Промените се во кутиите кои полека се отвораат, се надевам дека на 8 мај ќе победиме

Села: Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата

Катерина Ѓуровски

Изјава на претседателскиот кандидат Арбен Таравари

Катерина Ѓуровски

Таравари: 800 евра минимална плата, економијата и емиграцијата бараат одговори

Таравари: „Вреди“ се залага за привремено судско тело на западни експерт кои ќе бидат интегрирани во обвинителските и судските совети

Таравари по извештајот на „Фридом хаус“: Да се ​​отстрани корупцијата од власта, да се отвори вратата за новата генерација