Албанска паралелка во средно економско наместо во гимназијата: Шаќири најде училиште за основците со слаб успех

Од:

Министерството за образование пронајде начин како да формира паралелка на албански јазик со 17 ученици во едно велешките средни училишта, но по 40 дена од почетокот на учебната година и дваесет дена откако Советот на Општина Велес против предлогот на министерот Јетон Шаќири за давање согласност за формирање на албанска паралелка со помал број на ученици во гимназијата „Кочо Рацин“.

Решението беше иницирано од Шаќири со цел да се примат учениците со помал број на освоени бодови од законскиот минимум од 60 поени и со тоа ќе се прекршеа конкурсните услови според кои беше извршен прием на останатите средношколци. На последниот Совет, советниците одлучија дека бројот на паралелки во гимназијата треба да биде четири на македонски и една на албански наставен јазик.

Истите советници во четврток на Советот на Општина Велес ќе треба да гласаат за предлог Решение за давање согласност за формирање паралелка на албански наставен јазик со 17 ученици. Ова се истите ученици кои требаше да учат во втората албанска паралелка која Советот спречи да се формира во гимназијата, а сега ќе гласа да се формира во средното економско училиште.

МОН дало позитивно мислење за формирање паралелка со помал број на ученици во прва година после предвидениот рок, а Средното училиште „Јовче Тесличков“ испратило допис со назнака „ИТНО“ до советниците.

„До Општина Велес од страна на ОСУ „Јовче Тесличков“ Велес е доставено барање со бр.03-630/1 од 02.10.2023 година за добивање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во учебната 2023/2024 година и тоа една паралелка со 17 ученици од образовен профил: економски техничар со четиригодишно времетраење на образование на албански наставен јазик.

Во прилог кон Барањето е доставено и Известување со бр.13-9840/2 од 15.09.2023 година од Министерство за образование и наука за добивање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во учебната 2023/2024 година, една паралелка од образовен профил: економски техничар со четиригодишно времетраење на образование на албански наставен јазик на ОСУ Јовче Тесличков Велес. Со оглед на тоа што бројот на запишани ученици е помал од законски предвидениот минимум (помал од 25) за формирање на паралелки, се предлага донесување на ова Решение“, стои во предлогот за донесување Решение кој ќе биде на дневен ред на седницата на 12 октомври.

Нема одговор што правеле овие ученици во изминатите 40 дена, дали и каде посетувале настава откако е почната учебната година.

Би можело да ве интересира

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Шаќири: Не сум основал медицински факултет во Струга, туку тригодишни студиски програми за медицински сестри

A1on

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов