Актерите од Струмица до институциите: Бараме одговори по нашите претставки за изборот на директорот фискултурец

Од:

Драмскиот ансамбл на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица, веќе четири месеци протестира за изборот на нивниот директор Васил Бубев кого го сметаат за некомпетентен за ова работно место, а за нивните сознанија дека бил фаворизиран кандидат од страна на Министерството за култура претставка поднесоа до Државната комисија за спречување на корупција.

„Документите кои ги побаравме по пат на информации од јавен карактер укажуваат на тоа дека, другите двајца кандидати во изборот за директор биле отфрлени поради немање комплетна документација а од друга страна за Васил Бубев Министерството за култура барало дополнителна документација. Ова укажува дека кандидатот бил фавориозиран и очекуваме ДКСК да постапи по нашата претставка која ја доставивме до нив во февруари“, велат актерите.

Дополнително актерите овој случај за изборот на Бубев, побараа да го истражи и Управниот суд од Струмица.
На минатиот протест, актерите побараа и Основното обвинителство од Струмица да постапи по нивната пријава дека директорот ја злоупотребил службената должност и овластување со тоа што без да ги почитува процедурите за систематизација, унапредил вработен со завршено средно образование во раководител на марекетинг во оваа институција за кое се предвидува високо образование.

„Ресорното министерство прво ни’ создаде проблем, а потоа се прогласи ненедлежно за решавање на истиот. Потсетуваме дека Министерството за култура назначи генерален директор на културна институција кој не ги поседува потребните компетенции за извршување на една таква одговорна функција. Од тие причини, бевме приморани нашата борба да ја водиме по правен пат. Имено, на 26 февруари поднесовме претставка до Државната комисија за спречување на корупција, за која до ден денес немаме разрешница.“, се огласија актерите на денешната прес конференција.

Актерите веќе неколку месеци бараат смена на директорот бидејќи сметаат дека професор по фискултура не треба да раководи со оваа културна институција. Директорот Бубев неодамна се огласи и побара од актерите да продолжат со соработката но тие одбија.

Драмскиот ансамбл на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, останува на своите барања и потенцира дека нема да ја спроведе Годишната програма за 2021 година, одобрена од Министерството, и нема да го реализира тековниот репертоар сѐ додека министерката не ги прифати нивните барања и додека институциите не постапат по нивните пријави.

Би можело да ве интересира

Костадинов очекува в петок Струмица повторно да има вода за пиење

Водата и во Општина Василево не е за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Струмица – Валандово

Владата нуди помош за решавање на проблемот со водата за пиење во Струмица

Струмичани ќе добиваат вода за пиење од апарати и канистри поставени во сите училишта и градинки

Катерина Ѓуровски

АХВ: Водата во Струмица не е за пиење, има манган и колиформни бактерии

Горан Наумовски