Ако не ги исполни условите „Пејпер мил“ ќе добие забрана за работа

Од:

Кочанската фабирка „Пејепр Мил“ за која беше констатирано дека предизвикува загадување и поради тоа доби и казна од 20 илјади евра од Државниот инспекторат за животна средина се соочува со потенцијална забрана за работа. Нова контрола на објектот инспекторатот ќе прави на 30. декември, ако бидат регистрирани надминувања на граничните вредности ќе биде издадена наредба објектот да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин, во спортивно ќе добие забрана за работа – информираат од Државниот инспекторат.

„Наредното мерење на емисиите е на 30-ти декември. Доколку со ова мерење се докаже надминување на граничните вредности, ќе се нареди инсталацијата да престане да го користи котелот на пелети и да премине на плин. Во спротивно ќе се забрани работењето, се до обезбедување на филтерот и водење на процесот на начин на кој нема да се загадува Кочани“ – стои во соопштението од Државниот инспекторат за животна средина.

Би можело да ве интересира

Исечена гумената брана за наводнување на оризовите површини во кочанското

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Учесник во сообраќајка побегна од местото на несреќата, полицијата го приведе

А1он

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Момче од Кочани било измамено за 950 евра