Акција за пошумување во кругот на „Фени индустри“

Од:

Околу 60 средношколци од земјоделско шумарското училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци денеска пошумуваа во кругот на „Фени индустри“. Акцијата ја координираа професори од училиштето и вработени во комбинатот за фероникел.

– Акцијата освен денеска ќе продолжи и утре во рамки на практичната настава на учениците. Се садат багреми кои треба да ја спречат ерозијата на теренот. Околу 3 илјади садници ќе се насадат во текот на двата дена. Оваа пролет ќе посадиме околу 10 илјади садници, изјави менаџерот на администрација, Зорица Ставрова.

Пошумувањето, како што рече, е континуитет во нашата компанија, а откако постоиме имаме посадено околу 100 илјади садници кои редовно се обновуваат.

– Сегашните садници се добиени во соработка со подрачната единица на Минстерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и подружницата на Македонски шуми „Бор“ од Кавадарци, рече Ставрова.

Таа додаде дека пошумувањето е исто така дел од нивните општествено одговорни практики.

Би можело да ве интересира

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

Орце Костов

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

Орце Костов

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он

Ако се исклучи печката, Фени нема да работи една година: Висат 800 работни места

Орце Костов

Исклучени печките во „Фени“, вработените една седмица на работа, три дома со 70 % плата

Маја Илиевска-Пачемска