Акција на комуналните инспектори на дивата депонија во Вардариште

Од:

Откако депонијата во Вардариште беше мапирана како една од критичните точки за загадување на воздухот, комуналните инспектори на општина Гази Баба, заедно со Инспекторатот на град Скопје, Јавното комунално претпријатие Гази Баба 2007 и МВР, денеска извршија увид на дивата депонија во Вардариште.

При увидот, извршена е заплена на 1 тон стари и уништени гуми кои се наоѓале во дворовите кај граѓаните, отпад кој досега беше пален на отворена површина, со што значително се загадуваше животната средина.

Со оваа акција, општината Гази Баба, заедно со инспекторатот на градот Скопје ја започнува битката со палењето на огнови на отворени површини, особено на дивите депонии, од кои се шири непријатна миризба и кои енормно го загадуваат воздухот.

Ги повикуваме сите граѓани на бројот 193 да пријават палење на огнови или опожарување на јавни површини за да можат институциите навремено да реагираат.

Општина Гази Баба самостојно или заедно со релевантните институции и во наредниот период ќе работи на лоцирање на загадувачите на животната средина во општината, а за прекршителите, ќе следуваат соодветни казни.

Би можело да ве интересира

Левица: Депонијата во Арачиново гори, институциите бегаат од одговорност, а граѓаните дишат отров!

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Пожар во парк шумата „Гази Баба“

Горан Наумовски

Пожар на депонијата „Краста“